| |

Над 200 научници ќе учествуваат на „Денови на математиката во Софија“

Над 200 научници од 30 држави ќе учествуваат на меѓународната конференција „Денови на математиката во Софија“ (MDS2026), соопшти Институтот за математика и информатика при Бугарската академија на науките, јавува БТА.

Форумот ќе се одржи од 6 до 10 јули, во организација на институтот, Факултетот за математика и информатика при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Сојузот на математичарите во Бугарија.

На конференцијата ќе бидат претставени нови резултати во класични и современи области на математиката и информатиката. Една од главните цели е зајакнување на врските со бугарската математичка дијаспора и поттикнување заеднички истражувачки активности.

За време на отворањето ќе биде врачена Наградата по математика на Институтот за математика и информатика за 2026 година, која се доделува на секои три години на бугарски математичар до 40 години за високи достигнувања во областа.

Слични Објави