| |

ДРУГИОТ ПАТ: АКО НЕМА НАТО И АКО НЕМА ЕУ

Доцна пишувам, веќе сандалијата во НАТО можете да ја сметате за добиена. Оставете бурлески и спинови. Најјако по порталите ми е моментот дека некаков едукатор, професор од некаков универзитет, Трајче Трајкоски или Петре Петрески им рекол на ЕУ и НАТО: Шејм оф ју.

Дали сте виделе вие лидер, политички или економски, а да е нормален и да им се обрати на НАТО и ЕУ на ваков начин. Па тоа јас во сите интервјуа на Путин не сум го видел .Која ебана големина е тоа на некаков наш во странство што им напишал на НАТО и ЕУ шејм оф ју. Нормален човек не се обрајќа до НАТО и ЕУ ..тоа се две организации кои немаат адреса. Таму се одлучува во земјите па има бирократија во Белгија која ги пегла тие ставови и преку канцеларијата на Генералниот секретар се приопштуваат. Штабот и командите на НАТО воопшто не се ни овластени да одговорат на вакви будалаштини. Си имаат други прецизно утврдени ангажмани ,а тоа е војска ,а таму се си е прецизно утврдено. Таму нема идеологии и политика.

Македонија може да е НЕУТРАЛНА доколку сите соседи гарантираат за нејзините граници, тие гаранции се депонираат во ОН. И не само тоа туку доколку една од овие соседни земји ја нападне нашата земја, другите треба по автоматизам да влезат во војна со земјата агресор. Тогаш во таква неутралност ни требаат ,полициско воени сили од 35000 (околку 1,5% од населението во редовен состав и 4 % резервен состав) Денес АРМ не е во состојба да уништи тенк од типот Леопард 2 или Абрамс со оружјето кое го поседува ,а со тенковскиот еквивалент може да уништи вкупно 4 до 6 тенка од овој тип. За да биде подготвена за неутралност како Швајцарија ни требаат анти-тенковски оружја и тенкови во вредност од 3.000.000.000 долари. Дивизија со 300 тенка + оклопни транспортери и се како што треба за логистика + анти-тенковски оружја.

Денес АРМ не е во состојба да уништи практично нити еден авион и хиликоптер кои летаат на 3000 метри висина. Доколку заканата е од Ф-16, Миг-29 или слични и помодерни авиони ни се потребни уште 24 авиони + 2 подземни аеродроми + хеликоптери + противоздушни ракети коишто вредат од прилика 4.000.000.000 долари. За да ја опремиме пешадијата и другите придружни единици ни се потребни уште 1.000.000.000 долари.

Ако одиме по примерот на Швајцарија или Австрија ако исплаќаме 1/3 од нивните плати во армијата годишно за сето ова, плати и одржување ни треба буџет од 1,5 до 2 милијарди долари ГОДИШНО. Ова сето значи дека нашиот GDP треба да порасне за 10 пати и просечната плата во нашата земја да изнесува некаде околу 4000 евра. Со математиките и варијабилите сум по слаб но цифрите овие што ги спомнав се отприлика со 10% грешка. Ова секако се однесува за ситуација според којашто ние би имале одлични релации со НАТО пактот како Австрија и Швајцарија, а во истото време сме неутрални.

Јас немам поим што зборуваат овие за друг пат освен НАТО и ЕУ, и добро е нив по влезот да ги раскурцаме по болници за да се лечат. Добро е што не се „измилитаризиравме“ до денес олку со некаква будала на власт, а будали имаме да не набројувам практични примери.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар



Слични Објави