ГРУЕВСКИ НЕ КАЖУВА КАКО ЈА ПОМИНАЛ ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА- ВО ТИРАНА ПОБАРАЛ АЗИЛ ВО УНГАРСКАТА АМБАСАДА
„Побарав азил во унгарската амбасада во Тирана“,тоа го изјави самиот поранешен премиер Никола Груевски во ексклузивно интервју за тв Сител. Груевски одби да каже како ја поминал границата со Албанија и истакна дека никој од моменталната власт во Македонија не му помогнал да избега. Груевски истакна дека власта попрво би му наштетила отколку да му помогне. Интегралното интервју со поранешниот македонски премиер и сегашен азилант во Унгарија ќе биде прикажано во централниот дневник на ТВ Сител.

