| |

ДРЖАВАТА ЌЕ НЕ ЛЕЧИ ВО АЛБАНИЈА И СРБИЈА А ДОМА ЌЕ СОБИРАМЕ ДОНАЦИИ ПРЕКУ FACEBOOK

Со денешниот потпишан меморандум за соработка, доколку македонски граѓанин се затекне позитивен на територијата на Албанија или на Србија, а има потреба да биде хоспитализирн и лекуван на таа територија, трошоците ќе ги покрие државата. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на потпишувањето на меморандумот за соработка во битката против Ковид-19 меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија кои ги потпишаа премиерите Заев, Рама и Брнабиќ.

Исто така Заев објасни дека почнува влегувања за трите земји без дополнителен ПЦР тест и со лични карти, како што беше и досега.

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, додаде дека Северна Македонија, Албанија и Србија веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина против Ковид-19 за нашите граѓани. Земјите меѓусебно ќе се поддржуваат и ќе си помагаат доколку се случи преоптоварување на здравствените системи.

Слични Објави