ДУИ: Али Ахмети ги откажува сите партиски активности на последниот ден од кампањата: На 17 октомври учествува на општонационалниот протест за ОВК во Тирана
Демократската Унија за Интеграција ја известува јавноста дека нејзиниот претседател, г-дин Али Ахмети, на 17 октомври, на последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонационалниот протест во Тирана, повикан од организациите произлезени од војната на ОВК.
Протестот ќе се одржи на плоштад „Скендербег“ во Тирана, почнувајќи од 17:00 часот, со мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како ко-основач на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонационален протест.
За ДУИ и нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ започната од Ослободителната војска на Косово била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет. Поворојната состојба и безбројните судски процеси, и домашни и меѓународни, јасно ја покажаа исправноста на таа борба за слобода, демократија и независност.
ДУИ нагласува дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија. Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанската нација и од таа причина силно го поддржува протестот повикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности.