| |

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собрание со барање за гласање недоверба на Владата

Извршниот и Централниот комитет ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучија пратениците од партијата да учествуваат во работата на Собранието на Македонија. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе  покрене прашање за гласање недоверба на Владата. Мицкоски исто така додаде дека ќе бара писмени гаранции, доколку се прифатат предлозите на опозицијата за некои подобрувања на реформските закони што треба да се изгласаат. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, власта донела клучни закони без било каква консултација со опозицијата, и го посочи како пример законот за администрацијата, со кој, според Мицковски се отвора можност за партиски реваншизам и бркања од работа.



Слични Објави