| |

Претставници на Британската Амбасада во посета на „The Nest“ во Кочани

Претставници на Британската Амбасада ја посетија канцеларијата на @thenest_kocani, каде што се сретнаа со тимот на Support Kocani. На средбата се разговараше за почетоците на организацијата, тековните активности и идните цели.

Посебен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочува локалната заедница и можните идеи за подобрување на животот во Кочани. Амбасадата покажа силен интерес за младинскиот центар, препознавајќи го неговиот потенцијал како место за развој на младите и зајакнување на социјалната кохезија.

Претставниците на Амбасадата изразија подготвеност за идно вклучување и соработка во организирање на работилници од едукативен, културен и спортски карактер. Од своја страна SupportKocani упатија голема благодарност за поддршката.

Слични Објави