|

Еврокомесарката Марта Кос во официјална посета на БиХ следната недела

Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина (БиХ) следната недела, објави „Сараево тајмс“, пренесува БГНЕС.

Иако деталната агенда сѐ уште не е официјално објавена, се очекува Кос да одржи средби со клучните босански политичари.

Посетата доаѓа во исклучително чувствителен момент за земјата, која се наоѓа во длабока политичка криза. БиХ остана без дополнителни средства од Планот за раст на ЕУ, откако и на последното заседание на Советот на министри не беше усвоена реформската програма.

Ова дополнително ги зголемува стравувањата дека земјата може трајно да го изгуби пристапот до европското финансирање, што сериозно би ја загрозило нејзината интеграција во ЕУ.



Слични Објави