Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса, 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива
Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.
Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.
Извор: Zoom. mk

