Грција од утре го укинува задолжителното носење маски на отворено

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека од утре, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.

Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица. Целиот текст можете да го прочитате овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави