|

ДУИ на партиска средба во Мала Речица: Ќе биде ли отстранет Артан Груби за мир во партијата

Денеска во партиското седиште на ДУИ во Мала Речица се одржува состанок на Централното претседателство на партијата. Нема конкретни најави за што разговара најголемиот владин коалициски партнер освен дека тема е зацврстувањето на т.н. „Фронт за Европа“.

Но, има големи очекувања од т.н. група на „Огнените“ кои се надеваат дека во партиските структури ќе се разговара за разликите што се појавија во партијата. Тие бараат првиот вицепремиер Артан Груби да биде тргнат од сите партиски и државни функции.

– Јас мислам дека тие сега повеќе и не постојат – изјави Груби за новинарите пред почетокот на средбата осврнувајќи се на т.н. „Огнени“.

Лидерот на партијата Али Ахмети одби да даде коментар на почетокот од средбата.

 

Слични Објави