ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ да се поклони пред спомен-кулата во Слупчане
„Наместо секој ден да потонува во антиалбански и антиевропски сентимент, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија, како и уставните измени“, соопштуваат од ДУИ.
„Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија. Наместо Мицкоски да им дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанците, наместо да забранува доделување работа на албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување“, велат од ДУИ.
„Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен ‘калашников’ и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб-страницата на партијата и на албански јазик. Наместо да повикува на војна среде Собранието пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен-кулата во Слупчане“, се додава во соопштението на ДУИ