Два нови F-16 Block 70 пристигнаа во Бугарија
Во Трета авијациска база во Граф Игнатиево вчера слетаа уште два нови авиони F-16 Block 70, кои официјално беа пречекани од началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, командантот на Воздухопловните сили генерал-мајор Николај Русев, в.д. командантот на базата полковник Методи Орлов, претставници на американската мисија во Бугарија и персоналот на базата, јавува БГНЕС.
„Пречекуваме уште два авиони F-16, нека се честити за Бугарија, за Бугарската армија, за ВВС, за Третата авијациска база и за сите што му се посветиле на овој повик – бранител на татковината. Се надевам дека до крајот на годината оваа активност ќе стане рутина за ВВС. Целта е до крајот на 2025 година да имаме осум авиони F-16 Block 70.“изјави адмирал Ефтимов при приемот.
Тој изрази благодарност до Воздухопловните сили и базата во Граф Игнатиево за посветеноста и одговорноста при процесот на воведување на новиот тип борбен авион. Според него, првите летови на досегашните два F-16 се реализирани успешно, а бугарските техничари работат рамо до рамо со колегите од САД и производителот.
Началникот на одбраната истакна дека токму Воздухопловните сили го предводат најголемиот процес на модернизација на Армијата: „Пристигнуваат новите авиони, имаме договор за зенитно-ракетен комплекс, работиме по механизмот SAFE за уште системи, а во завршна фаза сме и за договор за трикоординатни радари.“
Од новопристигнатите авиони, едниот е борбен (едносед), а другиот – учебно-борбен (двосед). Како и претходно, летот до Бугарија беше извршен од пилоти на американските ВВС, а авионите пристигнаа со нивни опознавателни знаци. Следуваат процедурите за техничко и летачко приемaње од страна на персоналот на базата.
Со денешната испорака, Бугарија досега има четири авиони F-16 Block 70. Според договорот BU-D-SAB, до крајот на 2025 година ќе бидат доставени вкупно осум авиони. По исполнувањето и на вториот договор, бугарските Воздухопловни сили ќе располагаат со цела ескадрила од 16 авиони.