НАЈАВЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФАБРИКАТА „ПЕЈПЕР МИЛ“ ВО КОЧАНИ
На 22 август (сабота), со почеток од 11 часот пред фабриката Пејпер Мил во Кочани, група граѓани ќе протестираат против загадувањето што го врши оваа фабрика. Протестот ќе биде поддржан од невладинатата организација Green од истиот град.
„Денот кога ќе одлучиме дали сѐ уште ќе дозволуваме да не троват, преку вода воздух… Ако овде потклекнеме знајте дека ќе се појават уште многу фабрики како оваа. А ако покажеме единство тогаш и секој нареден проблем на овој град ќе го решаваме со леснотија. Да ја искористиме оваа група за конструктивни цели и за доброто на нашиот град Кочани. Автомобили, маски, дистанца… Во што поголем број да се слушне гласот на Кочани!!! Понесете и транспаренти и изразете го на тој начин вашиот револт“, напиша на социјалната мрежа facebook Анна Симонова, активист на здружението Green и борец за здрава животна средина.