Два земјотреси во Штип и околината
Земјотреси со јачина од 3,5 и 2,1 степен според Рихтеровата скала се почувствувани во Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што се наведува, потресите биле утрово во 03:24 и 04:11 часот.
Епицентарот на земјотресите бил на 70 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.
Земјотресите биле почувствувани од населението во Штип и околината.