|

Ковачевски: Историјата да се остави на историчарите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во одговор на новинарско прашање во врска со изјавите на Драги Ѓоргиев за тоа дека смета оти Бугарите не се фашисти, посочи дека е отворен преговарачки процес на дијалог со бугарската страна и дека се формирани работни групи кои работат во повеќе области како економијата, инфраструктурата и сл.

„Отворивме преговарачки процес со Република Бугарија во кој што формиравме работни групи. Тие работни групи веќе почнаа со работа, првата работна група е во делот на економијата, иновациите и трговијата… Историчарите работат според својата методологија, таму претседаваат двајца претседатели. Исто така политичките прашања се предмет на разговор меѓу министерствата за надворешни работи, тие денеска имаат состанок во Бугарија. Кога комисиите ќе имаат што да изјават, тогаш тоа останува за нив заеднички да го направат. Во однос на историската комисија сепак треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања“, порача Ковачевски.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави