|

Двајца загинати и десетици повредени во масовното пукање во САД

„Масовно пукање“ се случи во текот на ноќта во јужен Балтимор, а полицијата е на терен, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на портпаролот на полицијата во Балтимор.

Првичните информации укажуваат дека две лица загинале, а 28 се повредени, јавува „Си-Ен-Ен“.

Десет лица биле пренесени во болници од страна на полицијата, а уште 19 се возеле сами, јавува Фокс 45, додавајќи дека сведок рекол дека слушнале 20 до 30 истрели.

„Си-ен-ен“, пак, наведува дека 9 лица се пренесени во локалните болници, а тројца од повредените се во критична состојба.

Претходно американските медиуми известија дека најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелката во Балтимор.

Порталот „BNO News“ објави дека се’ се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе.



Слични Објави