ДВАЈЦАТА ТЕПАЧИ ОД ШТИП ГО ПРИЗНАЛЕ ДЕЛОТО- ПРЕСУДАТА СЕ ОЧЕКУВА ВО ЧЕТВРТОК
Двајцата штипјани кои пpeтeпaa девојка на 22-годишна возрааст, а сето тоа го снимиле, ја признале вината во Основниот суд во Штип.
Тие покрај признанието, се извиниле на девојката и на сите граѓани кои масовно го осудија нивниот чин. Судот одлучи пресудата да ја соопшти во четврток.
С.А. (23) и П.Р. (26), кои се во притвор во Кумановскиот затвор, одговараат за кривичното дело насилство за кое Законот предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.

