|

Две години затвор за поранешната директорка на НАЕОМ, Лидија Димова

Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОМ), Лидија Димова, за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Таа е осудена на затворска казна во траење од две години.

Освен тоа, Димова е задолжена да плати судски паушал од 10 илјади денари, како и да ги покрие трошоците на постапката. Судот ѝ наложи и во рок од шест месеци да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари нанесена на Агенцијата.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи од обвинението за делото измама, додека третoобвинетата Ана Павлиду беше ослободена од одговорност за несовесно работење во службата.

Обвинението против Димова беше поднесено во јуни 2022 година, а според истото, со нестручно и несовесно постапување таа овозможила противправна корист за трети лица, при што е причинета штета од 2,8 милиони денари на Европските фондови.



Слични Објави