ПОЧИНА 5 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ
Во текот на вчерашниот ден на Клиниката било примено девојче на возраст од 5 години од Скопје, кое претходните 3 дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле.
Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми (пореметена свест, конвулзии) детето било префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш бил свикан конзилиум, земени биле лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, било префрлено на одделот за интензивна нега и терапија. Од Министерството велат дека Лабораториски било потврдено за пандемски грип – H3N1 Influenca A. (Повеќе)
