ДВЕ МОМЧИЊА ОД 15 ГОДИНИ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЧКО

Вести Истакнато Македонија

Во текот на вчерашниот ден на патот Петралинци-Балдовци се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу скутер и автомобил.

Според информациите од Струмица Денес  на скутерот биле две млади момчиња С.К (15) и А.М (15) од селото Дрвош, кои во судирот го загубиле животот. На местото на несреќата излегла екипа на СВР Струмица, повеќе информации за причината за сообраќајната незгода се очекуват за утрешниот ден.