ОМЕР КАЛЕШИ СТАНА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА МАНУ

Светски познатиот уметник со македонско потекло, Омер Калеши на последното Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите, одржано во средата е избран за почесен член на Академијата …

Калеши е уметник со македонско потекло од татко Албанец и мајка Македонка. Тој е роден во кичевското село Србица во 1932 година, кој во раните свои години емигрирал во Турција, каде што во Истанбул студирал на Ликовната академија.

Во средината на 60-тите години на минатиот век се сели во Париз каде што и денес живее создавајќи дела кои се изложувани низ целиот свет.

За дописен член на МАНУ е избран проф. д-р Блажо Боев, а за член на Академијата надвор од работниот состав е избран академик Владимир Костиќ.

Слични Објави