|

Две третини од активните ковид-случаи се во три града

ројот на активни случаи на ковид во земјава изнесува 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Една третина од активните случаи се во Скопје – 3.421, додека над 64 проценти се само во три града – Скопје, Тетово и Гостивар.

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, а секој пациент на кој што му е потребно болничко место, по претходна најава се праќа во Скопје. Болничките капацитети се делумно оптоварени и во Кичево и Струга.

Граѓаните мора да знаат дека додека сите не се вакцинираме, ова нема да престане и тоа е единствениот спас, укажа вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Над 650 илјади граѓани досега примиле барем една доза вакцина, а поради зголемениот интерес за вакцинирање, од следната недела повторно се отвора пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според податоците од Министерството за здравство, во претходното деноноќие биле регистрирани 1.250 нови случаи на ковид, а пријавени се 22 починати лица.

Само во периодот од 17 до 21 август, починати се вкупно 94 лица, додека последен пат без починат пациент е 3 август.



Слични Објави