| |

DW: УКРАИНА РАСКРСТИ СО СТАРИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И ПАРТИИ

Првичните резултати од изборите во Украина покажуваат јасна победа на партијата на претседателот Володимир Зеленски. Никаде на друго место во Европа на демократски начин не може да се случи толку брза и енергична политичка промена како во Украина. На изборите се случи замена на старите и непопуларни елити, што не води само кон генерациска промена на политичката сцена, туку има последици и за партискиот пејсаж. Движечка сила зад овој процес се луѓето во Украина. Тие веќе не им веруваат на старите политички групации. Веројатно токму затоа речиси половина од гласачите на парламентарните избори гласаа за новите партии, а со тоа и за радикално нов почеток. Старите сили и нивните партии се казнети, се вели во материјал објавен од македонската редакција на DW.

Слични Објави