Џафери го прекршува Уставот преку своја лична интерпретација на одредбите за јазикот
На денешната прес-конференција во Собранието, професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, остро го критикуваше однесувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери кој во Европскиот парламент се обрати на албански јазик, таа истакна дека со тоа Џафери го прекршил Уставот преку своја лична интерпретација на одредбите на јазикот, како и дека за истото треба да одговара, а ја повика и претседателката на Уставниот суд да постапи по иницијативите за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците, пренесува zoom.mk
-Претседателот на Собранието Талат Џафери го промовираше на меѓународен план јазичниот федерализам имено тој зборуваше на албански јазик, би сакала да упатам на уставното решение, односно на амандманот 5 од Уставот, Член 1 во кое јасно се вели дека на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, вели пратеничката Силјановска Давкова.
Силјановска посочи дека ставот 2 од истиот Член од Уставот вели дека јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните исто така е службен јазик со неговото писмо, но во истиот член никаде не пишува дека истиот може да се употребува во меѓународните односи.
Целиот напис прочитајте го овде.
