Џафери: Со Рамковниот договор созреавме и го трансформиравме општеството
Охридскиот рамковен договор ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, и беше најцврстиот темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на свечената академија по повод 20 годишнината од потпишувањето на договорот.
– Издржавме цврсто и се трансформиравме како општество, созреавме како политичари, како граѓани, ни се отворија хоризонтите и успеавме да ја согледаме големата слика пред која стоиме сите заедно, со една заедничка јасна цел пред нас – а тоа е, Република Северна Македонија да биде успешна приказна за напредна парламентарна демократија, современа, сега веќе полноправна земја-членка на НАТО, со надеж набрзо и член на големото европско семејство, меѓутоа над се, дом на сите припадници на различните етнички, верски, културни заедници, дом на сите граѓани! На овој пат, имаме безрезервна поддршка од нашите меѓународни пријатели и стратешки партнери кои беа до нас и го помогнаа концептот и постигнувањето на мирот со отворен и непосреден политички дијалог и се до нас и сега кога ги уживаме резултатите од неопходноста, моќта и ефективноста на Охридскиот договор, рече Џафери. Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: ТВ 21

