ЏЕЈМС И ДРУГАРИТЕ БЕЗМИЛОСНИ КОН АТЛАНТА, БОГДАНОВИЌ И БЈЕЛИЦА ГО ЗАПРЕА БОСТОН
Лос Анџелес Лејкерс синоќа славеше убедливо со 122-101 против Атланта хокс пред домашните навивачи, додека Сакраменто кингс го победија Бостон селтикс со 100-99.
Лејкерс од самиот почеток заиграа во свој ритам, па првата четвртина ја решија со 36-24, а ниту во втората немаше многу неизвесност, па на полувреме заминаа со водство од 69-41.
До крајот рутински го завршија мечот и стигнаа до 122-101, а Леброн Џејмс беше најефикасен со 33 поени, 12 асистенции и седум скокови, додека Ентони Дејвис постигна 14 поени и пет асистенции.
Сакраменто кингс го победија Бостон селтикс со 100-99 во возбудлива завршница. Српските кошаркари Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ успеаа да ја прекинат серијата на Бостон..
Богдановиќ постигна 12 поени и десет асистенции, додека Бјелица имаше 12 поени и 14 скокови.
На останатите натпревари Голден Стејт загуби од Њу Орлеанс со 100-108, Денвер го победи Мемфис со 131-114, додека Орландо беше подобар од Вашингтон со 125-121.
Извор: Спорт1
