| |

НОВА КАМПАЊА НА СВР БИТОЛА И ЗДРУЖЕНИЕ НА МОТОРЦИКЛИСТИ „ЃОРЃИ СТЕФАНОВСКИ“

Во заедничка соработка со СВР Битола, Здружението на моторциклисти „Ѓорги Стефановски„ од Битола ја започна кампањата под мотото БИДИ КАБАДАЈА НОСИ КАЦИГА.

50% од мотоциклистите не носат заштитна кацига, застрашувачки е бројот на млади учесници во сообраќајот кој за време на летниот период возат мотоцикли без заштита кацига, а да не се споменува другиот дел од заштитната опрема која е потребна за правилно управување на моторцкл.

Факт е дека поголемиот дел од младите мотоциклисти ја избегнуваат законската обврска за носење на заштитна кацига. Не постои изговор за неносање на заштитна кацига.

Поради тоа на ден 09.06.2018година во период  помеѓу  11:00 до 14:00часот низ Широк сокак во Битола се поделија флаери со оваа содржина. Целта ни е да ја потикниме свеста кај мотоциклистите за безбедноста во сообраќајот и носењето на заштита кацига.

За време на летниот период нашата соработка со СВР Битола ке продолжи со организирање на низа на заеднички активности, трибини и настани поврзани со безбедноста,  и ќе се однесуваат на најралнивата група во сообраќајот а тоа се мотоциклистите.



Слични Објави