ЕБОР ќе отвори технолошки центар во Бугарија со фокус на вештачка интелигенција и напредни ИТ услуги
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе отвори нов технолошки центар во Бугарија, кој ќе биде насочен кон современи технологии како Big Data, вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и облачни услуги, јавува БНР. Овој проект стана можен откако бугарскиот парламент го ратификуваше договорот помеѓу земјата и банката.
Според плановите, ЕБОР ќе вработи повеќе од 100 стручни лица во рок од 18 месеци од потпишувањето на спогодбата. Банката има намера дополнително да го прошири центарот и да ангажира уште поголем број ИТ професионалци по истекот на првичниот период.
Бугарија е избрана поради тоа што нуди високо квалификувана работна сила во областа на информатичките технологии. Очекувањата се дека новиот технолошки центар ќе придонесе значително за развојот на локалната технолошка екосистемa и ќе го зајакне регионалниот ИТ потенцијал.

