|

Една убава историја за едно дете од Романија и тимот на Делфинариумот во градот Варна, Бугарија

Една трогателна приказна доаѓа од Варна Бугарија и тамошниот Делфинариум.

Понекогаш зборовите не се доволни за да се опише она што го чувствуваме и затоа дословно ќе го споделиме постот на една мајка од Романија – Адријана Георгеску:

„Сакам да споделам една неверојатна приказна за моето навистина посебно искуство со делфинариумот во Варна. Мојот син неодамна отиде на својот прв камп и една од активностите беше посета на ова магично место. Таму купил ( неговиот единствен сувенир од кампот) мала играчка делфин, која ја нарекол „Албастрел“. За жал, некаде на пат кон дома, ја изгубил играчката. Тој беше многу тажен бидејќи неговиот мал пријател исчезна. Баравме секаде да најдеме замена за Албастрел, но не успеавме. Затоа решив да пробам нешто необично – им испратив e-mail на луѓето во Делфинариумот во Варна за да прашам дали има начин да нарачам друг делфин за моето дете. Морам да признаам дека не бев премногу оптимист бидејќи тие немаат дел за онлајн нарачки на нивната веб-страница.

Сепак, постојат прекрасни, срдечни луѓе во нашиот свет чија мисија е „да им донесат радост на сите што ги сакаат делфините и нашиот делфинариум“. Ова беа нивните точни зборови кога прашавме колку чини пратката. Па не само што ми одговорија, туку отидоа над и подалеку! На моето дете му испратија специјален пакет кој вклучуваше не само делфин, туку и капа и магнет за сувенири од Делфинариумот. Навистина немам зборови да искажам благодарност до Делфинариум Варна за нивната дарежливост и за остварување на една мала желба. Им благодарам од се срце и им посакувам што повеќе посетители и пријатели на делфините!

П.С. Слушам дека претставата таму е прекрасна, и јас едвај чекам да ја видам! Во свет кој често е премногу полн со грижи, овој настан ми покажа дека постојат прекрасни луѓе и магични места кои можат да ги претворат и најситните парчиња надеж во реалност. Да шириме повеќе радост и љубов околу нас!“ заклучува Адриана Георгеску.

Слични Објави