ЕЈУПИ ЈА ПРЕКИНА ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА – ИМА ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИТЕ!

Поранешниот македонски репрезентативец Музафер Ејупи ја заврши фудбалската кариера на 31 година ја заврши фудбалската кариера, откако летово се врати во Славен Белупо од Осиек, поради проблеми со бубрезите.

Ејупи кој е дете на Вардар, но во кариерата играше и за Металург, Шкендија, потоа на Тајланд и Турција, за од 2015 година да биде дел од хрватската ХНЛ-лига во Славен и Осиек, денеска објави дека се повлекува од фудбалот после сериозните проблеми кои ги имаше во изминатава година.

„Физички и психички сум уморен! Здравствените проблеми, низ кои минував и сè уште минувам оставија голема трага врз мене. Иако, фала Богу, сѐ е под контрола и е стабилно, но тоа не е доволно на транинзите и на мечевите да бидам на нивото на кое бев. Шест месеци во клубот давав сè од себе, ама не одеше. Здравјето е тоа кое треба најмногу да се цени, а почувствував дека ова е моментот за збогум. Сè се случи во најлош момент. Играв во најдобра форма во Осиек и верував дека можев до голем трансфер, а потоа дојдоа проблемите со бубрезите, после кое ништо не беше исто. После враќањето видов дека не можам со ист интензитет да работам. Порано можев да одиграм два меча во еден ден, а сега една посилна вежба ми е проблем“, вели Ејупи.

Музафер дојде во Хрватска во 2015 година, во Славен одигра 70 меча, сега собра 13 во оваа сезона, откако летоска се врати од Осиек.

„Среќен и задоволен сум од својата кариера, посебно од периодот откако сум во Хрватска. Никогаш нема да го забоавам моментот кога дојдов во Славен Белупо, па во Осиек. Со фудбалот или без него, животот тече понатаму. Нормално, сакав повеќе да трае, ама нема место за тага и депресија. Преубав период. Ќе ги паметам головите против Луцерн, Австрија Виена, па мечот против ПСВ и поминувањето понатаму. Тоа се моменти кога игравме најубав фудбал…“ додава Ејупи.

Македонскиот фудбалер неодамна во Копривница имаше тежок инцидент во кој прво беше посочен како виновник, а потоа испадна жртва во која за малку ќе ја „загубеше главата“, откако човек со метална прачка го удрил по главата во тепачка за паркинг место.

Извор: Спорт1