| |

ЕРДОГАН: ВАКЦИНАТА КОЈА ТУРЦИЈА ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДЕ ЌЕ ЈА НАПРАВИМЕ ДОСТАПНА ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, зборувајќи за важноста на меѓународната соработка и солидарноста во борбата против пандемијата, порачал дека развиените вакцини треба да бидат достапни и во заедничка сопственост на целото општество, наместо да се продлабочуваат постоечките неправди.

Ердоган преку видео конференција присуствувал на Самитот Г20, со кој претседава Саудиска Арабија.

Обраќајќи им се на учесниците на Самитот, Ердоган потсетил на фактот дека епидемијата на коронавирусот и понатаму му се заканува на целото човештво и им порачал дека оние кои се наоѓаат на истиот брод, делат иста судбина.

Нагласувајќи дека против епидемијата невозможно е да се бориме без соработка и солидарност, Ердоган констатирал дека светот, особено развиените земји, за време на процесот на епидемијата не одговориле на испитот за помош и солидарност.

Според него, економски послабите земји за време на пандемијата се препуштени сами на себе.

„Во тој контекст, Турција пружи помош на 156 земји и 9 меѓународни организации. Покрај давањето поддршка за 15 земји-членки на Г20, исто така обезбедивме дозволи за купување и извод од нашата земја“, порачал Ердоган.

Нагласил дека со големо задоволство ги примил охрабрувачките вести за вакцината која ја направиле двајца турски научници во Германија.

„Меѓутоа, овде постои точка на која треба да ѝ се обрне внимание. Развиените вакцини треба да бидат достапни и во заедничка сопственост на целото човештво, наместо да ги продлабочуваат постоечките неправди. Во тој контекст, платформата G20 треба да подготви и да управува со механизмите, за на сите да им обезбеди фер пристап до вакцините. Турција, која моментално работи на вкупно 16 проекти за вакцини, од кој едниот веќе е во фаза на тестирање на луѓето, делува со ова разбирање. Вакцината која ќе ја произведе Турција, ќе ја направиме достапна за целото човештво“, рекол Ердоган.



Слични Објави