КОЛЕВ: ВРЕМЕ Е ЗА РЕСЕТ НА СИСТЕМОТ- „БОГАТА ВЛАДА-СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ“

„Состојбата сега може да ја опишете како „богата Влада, сиромашни граѓани”, но тоа не е одржлив систем. Околу 40 отсто од популацијата живее под прагот на сиромаштијата, јавниот долг до крајот на 2020 година ќе биде повисок за најмалку половина милијарда евра, стапката на невработеност допрва ќе расте, а досегашните популистички мерки не очекуваме да ја спасат македонската економија од можниот банкрот. Вистинската економска и финансиска криза и за Македонија допрва ќе почне. За жал, во изминатите 30-тина години системот го изобличија и сега тој е корумпиран, дискредитиран и неупотреблив. Приоритет се политичките реформи за да се отстранат „паразитските“ институции и функции со што ќе се намалат значајно трошоците во буџетот на Македонија. А потоа може да се пристапи и кон промени во финансирањето на буџетот и трошењето“, вели за Фактор претседателот на ГДУ Петар Колев.