ЗАЕВ: ДУИ НЕ ВРЕДАТ НИ ПЕТ ПАРИ
Зоран Заев реагираше на последните разговори објавени од анонимен корисник на мрежата Јутјуб кои потекнуваат од ручек со Александар Верушевски во Струмица во 2016 година,пренесува Либертас. Шефот на владејачката партија вели дека е објавена срамна манипулација која уште една докажува дека глас за ДУИ е глас за Мицкоски и за Груевски.
Разговорот кој е видено исечен на повеќе места, дел од медиумите го пренесеоа со наслови од типот „За Заев Албанците се Шиптари, пет банки не вредат на пазарот на гласови“. Заев во својата реакција на Фејсбук потсетува дека: Целата јавност слушна дека јас не го изговарам никаде тој збор што е навредлив за моите сограѓани Албанци, туку тоа го прави соговорникот во снимениот разговор. Ваквите ниски и очајни обиди само ме охрабруваат уште посилно да дејствувам за концептот едно општество за сите, чиј предводник сум. Ќе продолжам тоа да го правам и понатаму, со достојна почит кон сите мои сограѓани од сите етнички заедници“, напиша Заев на ФБ.
Во својата реакција, тој се дообјаснува дека „ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови“, што било негов став и тогаш и денес.
ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку.
Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери“ пишува Заев.