КОЛАЧ СО АФИОН И ЈАБОЛКА

Состојки:

loading...

– 2 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша масло
– 1 чаша млеко
– 2 чаши брашно
– 2 рендани јаболка + 1/2 лимонов сок
– 40 гр. афион (кој сака може и повеќе)
– 1 (10 гр.) пециво
– 1(10 гр.) ванилин шеќер

Глазура
– 100 гр. чоколадо
– 3 лажици масло

Подготовка:

Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека добиете пенаста лесна смеса малку побелена, додадете ги млекото и маслото миксирајте на најмала брзина да се соедини кратко.
Додадете го брашното, јаболката, афионот, пецивото, циметот, ванилата и сокот од лимон и мешајте со лажица додека се соедини и нема грутчиња.


loading...

Ставете ја смесата во тава за печење обложена со хартија или намрсена и побрашнета.
Ставете го колаќот да се пече на 200 степени 40 мин. додека порумени.
Извадете го и оставете го да се излади.

Во меѓувреме додека се лади стопете го чоколадото со масло на пареа.
Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер 30 мин. додека се стегне глазурата. Сечете коцки или штангли.

На здравје!

Извор: Мисли