ЕРИКСЕН ЈА ОДБИЛ БОГАТА ПОНУДА НА ТОТНЕМ, ТРИ ГИГАНТИ СЕГА СЕ ВО ТРКА ЗА НЕГОВИОТ ПОТПИС

Данската ѕвезда Кристијан Ериксен ја одбил и последната понуда на лондонски Тотнем за да го продолжи договорот со овој клуб и веќе јасно е дека на лето ќе си замине како слободен играч, а веќе во јануари може да ја договори својата идна дестинација.

Според информации на италијанскиот новинал Николо Шира, на Ериксен на „Вајт Харт Лејн“ му биле понудени девет милиони евра годишно за да потпише нов договор до 2024 година, но Данецот ја одбил и таа понуда и практично ставил точка на својата кариера во атуелниот европски вицепрвак. Од поодамна се најавува дека Ериксен сака да ја смени средината, а низа гиганти беа заинтересирани за него.

Сега според Шира први во трката за потписот се милански Интер, француски ПСЖ и шпански Реал Мадрид, но нема да биде изненадување ако и Јувентус влезе во таа трка, сооглед дека „старата дама“ е мајстор за ангажман на слободни агенти.

Извор: Спорт1

Слични Објави