ЕУ дефетизам од “ЕУ” организации

//

Поголем ЕУ дефетизам од медиумите, шират само невладините организации. И тоа токму тие кои со години се занимаваат со ЕУ механизмите, владеење на правото и го трасираат патот на Северна Македонија кон ЕУ. Се’ до моментот на официјалниот старт на преговорите. И на прагот на истиот или на можноста за започнување на преговорите, тие велат не. За што? За Бугарите во македонскиот устав, за “бугаризација” на интеграциите и за непринципиелната ЕУ. Ниту збор за механизмите, за контекстот, за перспективите. А, најмалку за владеењето на правото. А, уште помалку за ЕУ фондовите кои претпоставувам и тие обилно ги користат, како и фондовите на земјите членки на ЕУ и на САД. Да ја доближат земјата и нејзиниото општество до ЕУ. И кога “го доближија” се чини близината ги исплаши. Како и многу други чинители, кои совршено добро функционираа “на чекор до ЕУ”, ама не во ЕУ. “Експертите анализираат и дека, голем дел од предлогот е реално штетен. ” ” … не е предвиден реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија.”” …одобруваме внесување на билатерални прашања и бугаризација на самиот процес”.”Ние ќе треба да се носиме со последиците на нелегитимните и нетранспарентните одлуки на нашата власт, вклучувајќи ги досега направените отстапки, кои го овозможија ваквиот француски предлог”Експертите за ЕУ значи анализираа се’ низ призма на “бугаризација”, односно цела преговарачка рамка, која патем не ја ни виделе, ја сведоа на “штетен предлог”, затоа што билатералниот спор (кој никогаш и не мислевме да го решиме) е внесен во преговарачката рамка, без “реципроцитет за правата на македонското малцинство во Бугарија” (за кои сме уставно ограничени). Точно во кој дел од терминот “владеење на правото” влегуваат овие свесни манипулации? Или како тоа “нашата Влада да биде час поскоро што погласна и да побара корекции во неколку аспекти”? Каде да побара? Во “францускиот предлог”? Прво, таков документ не постои, а второ “не сме страна во постапката”. Се’ уште. А, кога ќе станеме, тоа ќе бидат условите кои ЕУ ни ги поставува за формално да ги започнеме преговорите. Зошто за овие неколку дена ниту еден експерт, аналитичар, новинар или ЕУ експерт, не ја објасни процедурата на пристапување кон ЕУ? Зошто не објасни што значи “преговарачка рамка”? Каква улога има државата во и кон “преговарачката рамка”? Чуму сите полуинформации, манипулации и свесно премолчување? Што да одбие владата, кандидатскиот статус во ЕУ? Па, не е лошо за промена да се кажат работите со вистинските зборови, а не параванот “бугаризација” и соблазнување од “Бугарите во македонскиот устав”, да се компенизра со повик на прекршување на нашиот устав во манирот на “владеење на правото” претпоставувам.Оваа “принципиелна” критика, мека анти-европска хајка, не штити никого, освен себе. Бесконечниот пристап до ЕУ и секаков друг вид фондови, кои со години се трошат за да се помогне да се изгради хумано општество на владеење на правото, меѓусебна толеранција и почитување на човековите права, на крајот на нашата речиси две децениска агонија; завршува со дискусија за “бугаризација, антибугарство и критика кон ЕУ”. Апсурд? Парадокс? Или едноставно, потврда на изгубеното време на иљадници граѓани, сите овие години, “обучувани и тренирани” од избрано друштво на “експерти, аналитичари и ЕУ промотори”, кои единствени го имаат монополот на експертизата, наративот и ЕУ, се разбира. Ама, ЕУ за дома, односно ЕУ во нивните проекти, а не нашите животи. Како и наводната грижа, за тешкиот преговарачки процес кој не’ очекува, која е најголема кога една етапа на “вечен” ЕУ кандидат се чини завршува. Нов почеток не’ чека, тоа што некому се чини како крај, е прашање на перцепција. Слична на дискусијата за ЕУ: имаш перцепција дека е за ЕУ, ама е всушност против ЕУ. Перспективата.

Facebook статус на Никица Корубин



Претходна статија

БГНЕС со ексклузивна информација- познат протоколот што треба да биде потпишан меѓу Софија и Скопје

Следна статија

ЕУ не е заедница на светци, туку заедница на реалполитичари

Најново од Ваш став

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој