|

ЕУ официјално ги започнува преговорите со Украина и Молдавија на 25 јуни

Земјите од ЕУ официјално го одобрија почетокот на преговорите за членство со Украина и Молдавија. Официjaлниот почеток треба да се случи следната недела. Тоа е значаен настан за двете земји на почетокот на нивниот долг пат кон приклучување кон блокот, објави АФП, пренесува БГНЕС.

Министрите на ЕУ ќе започнат преговори прво со Украина, а потоа и со Молдавија во Луксембург на 25 јуни.

Слични Објави