(Галерија) Промовирана книгата „Никогаш не расправај се со идиоти“ од проф. д-р Звонимир Јанкулоски
Синоќа 21 мај во клубот Saloon се одржа промоција на книгата збирка на колумни „Никогаш не расправај се со идиоти“ на проф. д-р Звонимир Јанкулоски.
Во срдечна и пријателска атмосфера книгата беше претставена од главниот уредник на порталот Нетпрес Дејан Николовски и од уредникот на порталот МКД.мк Александар Дамовски.
Збирката колумни на професорот Јанкулоски беше оценета како придонес кон оценките на политичкото милје на РС Македонија, дилемите на македонското општество и визиите за неговиот понатамошниот развој.
Порталот Трибуна му честита на авторот и на издавачите. Во продолжение погледнете ја галеријата од настанот:











