Еу прима шест држави, меѓу нив и Македонија

//

Планот на ЕУ е во своето членство да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, но и само прогласената држава Косово, пишува Фајненшел тајмс.

Според пишувањата на тој весник, главната причина за таквиот потег на Брисел е тоа што Балканот служи како главен „терен“ преку кој над илјадници мигранти доаѓаат до тлото на ЕУ. Меѓутоа, тоа не е се. ФТ наведува и дека стратегијата на ЕУ стравува дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму на подрачјето каде традиционално веќе има сојузници.

Забележано е, наведува весникот дека Москва почнала цинично да го коментира ветувањето кое ЕУ им ги дава на земјите од Западен Балкан во врска со членството, наметнувајќи се себе како „алтернатива“.



„Значаен број граѓани, имено, во регионот веруваат дека нивната земја никогаш нема да се приклучи кон ЕУ“, изјавил Флориан Бибер, експерт за југоисточна Европа при Универзитетот Грач.

Новиот план на Брисел ќе и биде претставен на ЕК токму на 6-ти февруари кога ЕУ би требало според претходни најави, да го претстави планот за Западен Балкан. Се очекува новиот план да биде усвоен.

Претходна статија

Двајца од најбараните терористи на ПКК се убиени при операција на турските безбедносни служби

Следна статија

Ердоган ќе стане првиот турски претседател кој ќе го посети Ватикан

Најново од Вести