| |

ЕУ СО ПОДДРШКА НА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Еден од четирите приоритети на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (ЕИП) ќе биде поддршка на дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги, стои во официјалниот одговор од Европската Комисија (DG Connect) на дописот од Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи во рамки на јавната консултација во однос на „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030″.

Клучни компоненти на оваа поддршка, според Комисијата, ќе бидат дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.

– Како што беше претходно наведено во соопштението на Европската Комисија „Зајакнување на процесот на пристапување – Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан” од февруари 2020 година, основната цел на ангажманот на ЕУ за Западен Балкан е да ги подготви земјите за исполнување на барањата за членство. Ова вклучува поддршка на основните демократски реформи, владеење на правото и економските реформи и нивно усогласување со основните европски вредности. Тоа за возврат ќе поттикне солиден, одржлив и забрзан економски раст и социјална конвергенција. И во тој контекст, дигитализацијата и развојот на дигитални вештини (како што посочува и Вашата организација) во сите слоеви на општеството се клучни за зајакнување на можностите за вработување и за активно учество во дигиталната економија во согласност со неодамна усвоеното Дигитално образование, се вели во одговорот на Европската Комисија, соопшти денеска ИДУЕП, пренесува Слободен печат.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави