ЕВЕРТОН ЌЕ ПОЧНЕ ИСТРАГА ПОРАДИ СОН ПО НЕМИЛИОТ ИНЦИДЕНТ НА „ГУДИСОН“

Мечот меѓу Евертон и Тотнем на „Гудисон“ остана во сенка на тешката повреда на Андре Гомеш по стартот на Хеунг-Мин Сон, но „карамелите“ решија да почнат истрага по инцидентот.

Гомеш можеби ќе мора да ја заврши и кариерата поради повредата, но Евертон е загрижен и поради расистичките навреди од навивачите на „Гудисон“, па поради тоа беше најавено дека ќе се води истрага за да се открие групата, која го навреди Кореецот.

Сон најверојатно ништо не слушна поради тоа што беше во голем шок, но во Англија се строги з расизмот и сакаат да го искоренат од фудбалските стадиони.

Извор: Спорт1