ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО АКТИВИРАШЕ ЧЛЕНОТ-7 ПРОТИВ УНГАРИЈА
Парламентот на Европската унија денеска со 448 гласови – за, 197 – против и 48 воздржани ја активираше „процедурата за владеење на правото“ против унгарскиот премиер Виктор Орбан за поткопување на демократијата и кршење “заеднички вредности на ЕУ”. Поточно, станува збор за обвинувања за замолчување независни медиуми, активности против невладини организации и отстранување независни судии. Со тоа, Унгарија би можело да го загуби своето право на глас во сите институции на ЕУ.
Членот 7, познат уште и како „нуклеарна опција“, првпат е активиран лани во декември против Полска, заради неисполнети реформи во правосудниот систем, што од администрецијата во Брисел беше оценето дека го загрозиле владеењето на правото во државата.
