ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ

Колумни Позиција

Во далечната 1995та година, го фативме возот за ЕУ [слика: извадок од весник Македонија број 503/1995]… Потоа дознавме дека ете, во НАТО сме ние влезени со една нога, но нели, уште да го довршиме Рамковниот договор и влагаме…

Во 2006та година, таман да станеме кандидат за влез во ЕУ, изгледа се сопнавме и ни избега кандидатурава…. 2019та година, Април, вчера, читам статија на ФОКУС.мк: „Владата нема капацитет и ресурси за преговори со ЕУ, министерот Манчевски бара помош од приватниот сектор“.

Е фала богу, некој да признае дека очигледно внатре не ја бива работава, но ваква изјава бара и морална одговорност, ОСТАВКА! Како добар шамар за да не отрезни од семантиката и киднапирањето на ЕУ/НАТО процесите во политичка пропаганда, ни дојде и изјавата на германецот од ЦДУ каде што јасно стана дека не е само „ЦЕНЗУСОТ“ битен, туку многу други побитни работи [бидејќи нели, слушаме изјави деновиве како цензусот бил еден од клучните работи за датум, бреее, ма немој!].

Затоа, ниту ќе одиме #ЗаедноНапред, ниту ќе видиме #ПравдаЗаМакедонија. Време е за ШАМАР и од народот, а верувам дека ќе ве стигне на овие претседателски избори, сите!

Автор: Стефан Василевски (Conservative.mk)