СПОРЕД ПОРТАЛОТ „МАГАЗИН“ ФИЛИПЧЕ МУ ЈА ПОНУДИЛ СВОЈАТА ОСТАВКА НА ЗАЕВ?
Блискиот до ВМРО-ДПМНЕ портал „Магазин“ објави дека нивен извор од Министерството за здравство ги информирал дека министерот за здравство Венко Филипче ја понудил својата оставка на премиерот Заев.
Како причина за оставката на Филипче порталот го наведува „неуспехот на тимот на министерството за здравство, да ја сузбие епидемијата на морбили која трае веќе 4 месеци, а зад себе остави 30 мртви луѓе и пет неродени бебиња меѓу 4ти и 6ти месец на бременоста, абортирани заради заразата“.
Следниве неколку дена од премиерот Заев се очекува да се изјасни дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот Венко Филипче, пишува порталот.
