Ф. ПЕТРОВСКИ: НИКОЈ НЕ КОМЕНТИРА КОЈ ГИ СНИМА НОВИТЕ БОМБИ И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА КРИМИНАЛОТ ВО КОЈШТО СЕ ВМЕШАНИ СИТЕ
Едните вчера пуштија бомби за Мицковски.
Другите денеска возвратија со бомби за Заев.
Едните пуштија 4 бомби за Мицковски.
Другите возвратија со 4 бомби за Заев.
Одмерено нема што. Со терминологијата на НАТО, немаше прекумерна употреба на сила во вратката.
Меѓутоа за бомбите никој не коментираше на овие теми:
1.бомбите се нови, кој снима?
2.бомбите покажуваат вмешаност во криминал на сите, кој ќе одговара и кога?
Овдека снима кој ќе стигне, сеуште, без било каков страв, затоа што закон очигледно нема. Оти ниту криминалците се во затвор, ниту тие што снимаат, ниту корумпираните политички елити. Кои сепак џентлменски и нежно си возвраќаат со прецизно дозиран број на бомби. На никој не му фали влакно на главата. А прават што сакаат, напиша на својот профил поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски.