| |

Фантастичната четворка од Балканот

Пишува: Љупчо Куртелов за БГНЕС

Како што е познато, поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, подолго време е во Унгарија, каде што побегна за да се сокрие од правдата во сопствената земја.

Од вчера во информативните сајтови читаме дека на крајот на февруари унгарските тајни служби биле во тајна посета на Република Српска (РС, српскиот ентитет во Босна и Херцеговина) за да го разјаснат планот за евакуација на нивниот лидер Милорад Додик, кој беше осуден на една година затвор.

По настаните во Србија, каде што целиот народ се крена против политичката олигархија, претседателот Вучиќ во џебот има карта во еден правец за возот Белград-Будимпешта.

Тројца гости (бегалци) и домаќинот Виктор Орбан – совршена (и фантастична) четворка за табланет.

Слични Објави