Фатен затвореник кој од „Идризово“ побегнал пред осум години, се шетал низ Аеродром
Полицијата фати затвореник кој во 2015 година побегнал од затворот „Идризово“.
Криминалецот бил најден синоќа во скопската населба Аеродром.
Според информациите се работи за 34-годишник со иницијали М.П. од селото Мојанци.
Тој бил осуден на казна затвор од пет години поради дилерство на дрога, а бил баран по централна потерница.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.
