ФЕДЕРЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПАРИЗ: МОРАМ ДА СЕ ШТЕДАМ!
Роџер Федерер вчера по десетти пат го освои турнирот во својот роден Базел, што за него беше вкупно 103-та титула во кариерата, но ветеранот најави дека нема да игра на мастерсот во Париз.
Швајцарецот требаше да биде носител број 3 на турнирот. Тој сака да биде целосно фит за завршниот мастерс во Лондон.
„Морам да се штедам, бидејќи сакам да играм на АТП турнеата што е можно подолго. Жал ми е за моите навивачи од Франција, но ќе се видиме идната година на Ролан Гарос“, објави Федерер.
Извор: Спорт1

