Фазилен од Јакоруда: Нема граници за пријателството меѓу младите луѓе од Бугарија и РС Македонија

//

Ученичката Фазилен Сајмина од Јакоруда била дел од повеќе семинари и проекти на фондацијата ,,Бугарска памет “. Разговараме со неа за нејзините впечатоци од иницијативите на фондацијата, пријателството, соништата и за нејзиниот поглед во однос на односите меѓу Бугарија и РС Македонија.

Претстави се со неколку зборови.

Моето име е Фајзилен Семина. На 17 години сум и сум од градот Јакоруда. Учам во П.Г ,,Петко Р. Славејков”. Имам поголем брат кој што исто така има учествувано во проекти и семинари на фондацијата ,,Бугарска памет “. Сакам да спортувам и да цртам. Во моментот сум фокусирана врз мојата подготовка за запишување на универзитет.

Во колку семинари на фондацијата ,,Бугарска памет ” имаш учествувано до сега и какви се твоите впечатоци?

Сум учествувала во 5 семинари на фондацијата ,,Бугарска памет “. Нешто што беше една од моите најдобри одлуки. Семинарите беа организирани во Софија, Варна, Пловдив и во Битола, Република Северна Македонија. На почетокот се оптеретував со тоа како ќе се прилагодам на ситуацијата во однос на создавањето на нови контакти и во искажувањето на мислење пред луѓе кои не ги познавам. Ние токму тоа го учевме на тие семинари, како да бидеме отворени кон општеството и како без ограничување да го кажуваме своето мислење по актуелните прашања во општеството. Се покажа дека тоа е многу лесно и пријатно. Луѓето со кои и до ден денешен одржувам контакт се не само од Бугарија туку и од РС Македонија, Србија, Молдова и др. Чувството кога ќе запознаеш такви млади и мотивирани луѓе е прекрасно. Семинарите се како мало вратниче за запознавање нови луѓе и збогатување на знаењата.

Дали успеа да создадеш пријателства за време на семинарите?

Некои од моите најдобри пријателства беа создадени за време на тие семинари. До денешен ден едвај чекаме да се видиме и да поминеме уште 5 дена заедно. Досега на сите семинари бев со млади луѓе од Република Северна Македонија и можам да кажам дека имам многу пријатели од таму. Учествував на Малиот битолски Монмартр во градот Битола. Ми се допадна земјата, ми се допаднаа луѓето и културата. Младите од Република Северна Македонија беа многу одговорни, од утро до вечер сликавме рамо до рамо. Станавме пријатели за многу краток временски период. Разменивме искуство, знаење, создадовме многу пријатни и незаборавни спомени. Можам само да кажам дека доколку имам можности за проекти во Република Северна Македонија, би учествувала.

Што замислуваш кога ќе го слушнеш слоганот „од двете страни на границата“?

Од двете страни на границата е невистинита претстава за реалноста. Нема граница меѓу нас младите, бариерите паѓаат. Границата е само ментална и не постои кај младите. Се разбираме, го кршиме мразот во нашата комуникација, градиме посилна врска, како што требало да биде порано и треба да биде во иднина. Врската со родното, мора да се зачува и никогаш не смееме да го заборавиме минатото. Братските земји се заедно, растат и се развиваат заедно. Се надевам дека повеќе луѓе го разбираат и нагласуваат ова бидејќи е важно за нашата иднина.

За што сонуваш?

Секој човек сонува, но само соништата не се доволни за да се достигне посакуваниот резултат, потребна е и работа. Мојот сон е да станам доктор. Мојот сон е да им помогнам на луѓето, како што д-р Врабевски им помага на сите млади луѓе со желби и амбиции. Мислам дека јас и д-р Врабевски сме слични и ќе бидеме слични по тоа што и двајцата даваме надеж за нов живот во подобри услови, надеж за нешто големо. Моја основна цел во моментов е да се запишам на Медицинскиот универзитет во Софија и силно верувам дека ќе успеам. Образованието ќе го продолжам во Бугарија, тука сум родена и тука пораснав. Моите најдобри моменти се тука и подготвена сум да создадам нови. На Бугарија и требаат млади, образовани, амбициозни и мотивирани луѓе и јас сум дел од нив.

Што е за тебе Бугарија?

Бугарија е мојот дом и мојата иднина. Сум бил во многу земји, но Бугарија секогаш била во моето срце. Каде и да одиш, секогаш се враќаш таму каде што се домот, пријателите, семејството. Бугарија има иднина која мора да ја создадеме, да ја подобриме и да ја развиваме. Без нас и луѓето кои нѐ водат и ни помагаат ништо не би било како што е.

Како ќе ги коментирате односите меѓу Бугарија и Македонија?

Бугарија и Македонија се братски земји, тие се наши соседи. Секако дека треба да се разбереме. И покрај недоразбирањето меѓу „големите“, ние младите сме во многу добри односи. Не можев да замислам дека не сум во добри односи со моите пријатели од Македонија. Тие се одлични луѓе, интересни, љубезни, амбициозни, позитивни. Мораме да бидеме како обединета целина, на тој начин можеме да постигнеме многу повеќе. Имаше многу спорови меѓу двете земји, но мислам дека во иднина ќе бидеме посплотени и единствени. Секој треба да придонесе за хармонијата, јас придонесувам, вие исто така. Нека живеат идните генерации во мирна средина со пријателски односи, да знаат дека се добредојдени и во Бугарија и во Македонија. Да знаат дека можат да се развиваат каде сакаат, да создаваат, да се обединуваат. Мојот апел до сите е да бидеме обединети, да бидеме толерантни и да се сакаме. Нема ништо подобро од тоа две соседни земји да живеат заедно.

Извор: Фондација Бугарска памет



Претходна статија

Со изложба во Берковица ќе биде одбележана 19-годишнината од смртта на писателот Јордан Радичков

Следна статија

Бугарското национално културно наследство во странство претставува публикација на Институтот за етнологија и фолклор

Најново од Интервју